top of page
Search
  • ankicastojanovska

Д-р.Горица Дачлевска (Личност на годината од областа на естетската медицина)

Нашата позната Д-р. Горица Дачевска ја прими наградата за Личност на годината на Балканот од областа на естетската медицина во рамките на одбележувањето на денот на општината 21 јуни, Сокобања.

Со богата програма и награди оваа општина направи вистинско изненадување за своите жители и за регионот. Два дена низ центарот на Сокобања се случуваа низа активности како саем на производи, сувенири и вино, голем број на анимациска програма, музички настани низ пешачката зона и централниот градски парк.Главното случување се одржа во Хотелот Моравица на кое се доделија плакати за најуспешните со над 30 музички изведувачи. Огромен настан со гости од целиот балкан.

Во рамките на свечената церемонија на доделување на награди и признанија др.Горица Дачевска (специјалист по дерматовенерологија) од нашиот Ласер Центар Д-р.Горица при примањето на специјалното признание за Личност на годината од Балканот од областа на естетската медицина се заблагодари за вниманието, ја пофали одличната организација и вети дека ќе се труди да го одржи нивото на работа и квалитет и како и досега така и во иднина, ќе вложува во едукација, нови технологии и ласерски услуги.

Д-р Горица досега има добиено бројни награди и признанија, посебно драги оние за Жена менаџер на годината како и последната од Сокобања.



18 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page