top of page
Search
  • ankicastojanovska

ИГЛЕДОТ НА КОЖАТА ВО БРЕМЕНОСТ


Бременоста е еден од најубавите, очекуваните и незаменливите периоди во животот на една жена. Секоја трудница си посакува здрава и лесна бременост која ќе резултира со живо и здраво бебе, но на тој пат трудниците се соочуваат со различни предизвици, од кои некои се дел од нормалниот процес на бременост, а некои состојби бараат дијагноза и третман. Нормално е за време на бременоста да се случуваат хормонски, имунолошки и метаболички промени кои предизвикуваат промени на кожата. Ќе започнеме со ред, прво со физиолошките нормални промени кои се случуваат на кожата и косата:


ПИГМЕНТАЦИЈА

Пигментацијата на кожата е најчеста промена кај трудниците,  статистиката вели дека до 90% од трудниците имаат некаков вид на зголемена пигментација на кожата особено се јавува во втората половина од бременоста. Причината, иако е непозната, најчесто се поврзува со комбинација на хормонален статус, генетска предиспозиција и изложеност на УВ зраци. Може да се забележи затемнување на кожата особено во пределите кај  брадавиците, гениталиите, пазувите и околу папокот, а појавата на потемна линија од папокот до гениталниот дел наречена „linea nigra“. Мелазма е медицинско име за темните дамки кои се појавуваат на кожата на лицето и  нека не ве вознемирува тоа, ќе кажам дека се јавуваат кај околу 70% од трудниците во благи или тешки форми. Се прашувате дали ќе останат засекогаш?   Повеќето пигментации се повлекуваат во рок од 1 година од раѓањето, но мелазмите можат да перзистираат и да останат на кожата долго време. Ние дерматолозите препорачуваме да се користи крема со заштитен фактор од најмалку 15 и повеќе,  во текот на денот и да се избегнува сончање и изложување на солариум во текот на бременоста. Некои форми на мелазма не можат целосно да се отстранат, но постојат третмани кои можат да ги ублажат, како што се креми со ретинол, креми за избелување, хемиски пилинг со различна длабочина и дијамантска микродермоабразија. Треба да се има во  предвид дека заштитата од УВ зраци (сонце/солариум) се препорачува за лицата со мелазма во текот на целата година и по бременоста.


МЛАДЕЖИ
Популарно  кажано младежите би можело да се зголемат и да ја променат бојата за време на бременоста. Иако повеќето бемки кои се менуваат се сосема нормални, најчесто се препорачува доколу забележите одредени промени во бојата, големината, обликот, испакнатоста на бемката и почувствувате чешање, болка, печење, навлажнување на бемката, задолжително да побарате помош од стручно лице. Треба да се направи  дерматоскопски преглед. Дерматоскопскиот преглед е безболен и безбеден и доколку е потребен се препорачува во бременоста. 

ПРОМЕНИ ВО КРВНИТЕ САДОВИ
Отекување на нозете, лицето и рацете може да се појави поради зголемен проток на крвта за време на бременоста. Се препорачува одмор, кревање на нозете над нивото на срцето, во некои случаеви препорачуваме и компресивни чорапи како и спиење  на левата страна со кои би можело да се  намалат  болките и отекувањата. Доколку отекувањето на лицето и рацете  трае подолго, тогаш тоа  може да се поврзе со прееклампсија и бара дополнителна дијагноза поради можни проблеми за мајката и фетусот.  Проширените вени, пукнатите капилари, црвенилото на дланките и ангиомите се дел од бременоста и делумно или целосно се повлекуваат по породувањето.
Доколку сакате да се отстранат капиларите, има решение и за тоа. Може да се направи со склеротерапија или ласер, а ангиомите што не се повлекуваат може да се отстранат со радио бранови. Отстранувањето со радиобранови е брзо, елегантно, ефикасно и безбедно за повеќето кожни промени како што се ангиоми, бемки, брадавици и кератоза.
ЗГОЛЕМЕНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СЕБУМ
Зголемено лачење на себум и пот за време на бременоста може да предизвика зголемени жлезди на брадавиците, влошување или подобрување на акните.  Во случаи кога појавата на акни е голем проблем, се препорачува консултација со дерматолог за да се вклучи локална терапија која е безбедна за мајката и бебето.
СТРИИ ВО БРЕМЕНОСТА (Striae distensae)
Хормоналните промени, генетската предиспозиција, ненадејното зголемување на телесната тежина, прекумерното зголемување на телесната тежина во бременоста може да предизвикаат пукнатини на кожата наречени striae distensae или стрии. Стриите се јавуваат кај повеќе од 50% од трудниците во различни форми и бројки. Најчесто се појавуваат во втората половина од бременоста во вид на розово-црвени линии на кожата на градите, стомакот, задникот и бутовите. Со текот на времето, стриите стануваат побледи и помалку забележливи, но не се повлекуваат целосно бидејќи тоа е еден вид лузна на средниот слој на кожата.
НАДВИСНАТИ БРАДАВИЦИ
Ваквите брадавици на кожата се вообичаени. Тие можат да се отстранат со методата на радио бранови брзо, безбедно и ефикасно.
КОСА
Некои трудници доживуваат зголемен раст на косата, кој во некои случаи се намалува во рок од 6 месеци од породувањето. Со сличен механизам како кај зголемената влакнест, некои трудници забележуваат дека косата им е посјајна и побујна.   По породувањето се очекува опаѓањето на косата да се зголеми, во одреден период и се смета за нормално. Во случаи кога овој пад трае подолго и во големи количини, се препорачува консултација со дерматолог бидејќи може да биде знак за недостаток на потребните витамини, минерали и железо во организмот и нарушувања на штитната жлезда кои бараат детален преглед  и третман.
Патолошки состојби поврзани со кожата во бременоста се:
PUPPP е кратенка чиј превод од англиски е уртикаријални папули и пустули со чешање во бременоста. Сè додека името е долго и комплицирано, самата состојба е бенигна и за мајката и за бебето, иако е класифицирана како кожна болест на бременоста поради потребата од терапија. Силно чешање и осип се јавуваат прво на стомакот, потоа на бутовите, градите и торзото. Почеста е кај жени со поголеми бебиња или со бременост со повеќе од еден фетус во последниот триместар од бременоста. Интересно е да се забележи дека околу 70% од трудниците со оваа состојба раѓаат момче.
Во терапијата се користат хранливи креми и емолиенти, кортикостероидни креми и многу ретко во тешки случаи орална кортикостероидна терапија. Во повеќето случаи, промените се намалуваат во рок од 7 дена од породувањето.
Гестациски пемфигоид (GP)
GP е ретко автоимуно заболување каде плускавците се појавуваат на кожата за време на бременоста најчесто во последната половина од бременоста или веднаш по породувањето. Меурчиња исполнети со бистра или крвава содржина се појавуваат на црвената позадина и се шират, предизвикувајќи топлина и болка. Присутно е силно чешање. Промените се повлекуваат во рок од неколку месеци по породувањето и може да се повторат за време на менструацијата.

Општата лекарка може да предизвика трошење на плодовата вода, мала тежина на фетусот, предвремено породување, мала тежина при раѓање, а бремените жени со оваа состојба мора да бидат следени од гинеколог и дерматолог за адекватен третман и интервенција по потреба.
222 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page