- gligord
Ласерска епилација

Во ПЗУ Др. Горица третманите на ласерско отстранување на влакна и хиперпигментации ги третираме со најнов Candela medical laser. Борбата со несаканите влакна понекогаш знае да биде напорна и болна.
Candela laser во комбинација со Zimer апаратот овозможува да овие третмани бидат безболни биедејки кожата се лади до -30 С .Пред секој третман се прави преглед на саканата регија од страна на дерматолог и се дава информација колку третмани ке бидат потребни да се добие саканиот резултат.Битно да се едуцира пациентот дека минимум 20 дена влакната не смеат да се одстрануваат со пинцета и да се депилираат.Во тој период се препорачува депилација со депил крема,скратување со ножици или бричење.
За успешна епилација потребно е 6 до 8 третмани. Пациентите после првиот третман приметуваат 30% помалку влакна.Третманите се закажуват на 6 до 8 недели.Ласерската епилација може да се прави на секој дел од телото ( на лице , гради, генитална регија).
Најчесто поставувано прашање е дали додека дојам или сум бремена може да се прави епилација - Одговорот е може, не е штетно но нема да има добри резултати. Затоа се препорачува да заврши тој период па после да се направат третманите со Laser.