- gligord
Ласерска епилација за мажи

Ласерската епилација на влакна е популарна процедура не само за женската популација. Во последно време тренд за мазна и мека кожа се повеке е актуелна и кај мажите.
Покрај естетскиот изглед целта на епилација е и решавање на проблем на враснати влакна кои доведуваат до воспалителни процеси и појава на лузни на кожата.
Кој е идеален кандидат за ласерската епилација?
Идеален кандидат се мажите со светол тен и со темни влакна Ласерскиот сноп делува на меланинот внатре во влакното и на тој начин трајно го уништува фоликулот на влакното.
Кои региии се најпопуларни за ласерска епилација кај мажи?
Јаболчници
Гради
Стомак
Мишки
Врат
Грб
Предност на ласерската епилација:
Безболна
Безбедна
Дава трајни резултати
Колку третмани се препорачуваат?
Препорачан број на ласерските третмани е од 3 до 5 зависно од регија,возраста и квалитетот на влакното.
Третманите се препорачуваат на 6-8 недели.
Пациентот после третманот може да се врати на секојдневните работни обврски.