- ankicastojanovska
Синусни влакна
Updated: Jan 20
Пилонидалниот синус (кокцигеален синус) или кај нас познат како синусно влакно претставува постинфламаторна празнина која е обложена со епител локализиран во кокцигеалниот регион. Пилонидалниот синус (враснати влакна, синусни влакна) е хронична инфекција. Иако по природа е бенигна, оваа болест предизвикува многу непријатности, болки, црвенило, инфекција, лачење на гнојна содржина, непријатен мирис и го оневозможува извршувањето на сите животни активности.
Причина за појавата на синусно влакно произлегува од перифоликуларен апсцес кој е инкапсулиран со епител кој расте во длабочината од површината. Се верува дека ова е вродена состојба која доведува до формирање на поткожен канал во кој растат влакна и последователно доведува до воспаление, секрет, црвенило, оток, болка и лузни. Основата на оваа болест се создава при промената на правецот на раст на влакната, која поради неможноста да расте над кожата, како нормално, се подвлекува под кожата, а со тоа предизвикува формирање на канали (синуси) кои се извор на инфекција и непријатност. Продира длабоко низ поткожното ткиво и мускулите и може да стигне до окципиталната коска.
Клиничка слика на Синусно влакно всушност не е вистинска циста, бидејќи шуплината се формира по воспаление. Се манифестира како јазол или апсцес кој продира во површината на кожата и трајно фистули. Пилонидалниот синус најчесто се јавува кај млади мажи, но проблеми може да се појават на која било возраст, а спорадично кај жените. Препорачуваме пациентите да се јават веднаш штом ќе го забележат овој проблем, бидејќи третманот во рана фаза и третманот доцна е различен. Кога ќе се реагира веднаш третманот е поедноставен, а обемот на операцијата е помал. Правилната дијагноза и навремената операција обезбедуваат брзо закрепнување и целосно заздравување.

Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика и испитувањето. Хистолошки, околу фрагментите на влакното може да се забележи апсцес со клетки од туѓо тело инкапсулирани со епител. Ненавремено дијагностицираниот пилониден синус (синусно влакно) може да доведе до компликации, локален воспалителен процес кој може да биде придружен со треска, отечени лимфни јазли, зголемени воспалителни фактори, а потоа бара третман со системски антибиотици за да се поправи воспалението и дури тогаш може да се започне хируршки третман.
Третман на вродени влакна Терапијата се состои од ласерско пукање на апсцесот и капсулата. Прогнозата е добра, оваа метода на ласерско отстранување дава неверојатни резултати. Целосно заздравување може да се постигне постепено по неколку ласерски третмани . Низ историјата, хируршкиот третман се менувал и сега најефекасна и нехируршка метода е ласетрскиот третман на синусно влакно.
Во Ласер Центар Д-р.Горица благодарение на најмодерниот и техничко-технолошки усовршен ласер Кандела Ласер Про успешно се отстрануваат и најделикатните влакна од кожата. Всушност благодарение на моќта на ласерот се топат/ пукаат влакната поткожно и не се дозволува да растат/ формираат нови влакна и да се создаваат поткожни фистули. Благодарение на единствениот Ласер во нашата земја вие ќе можете да заборавите на маките со синусните влакна!